Опис
Серијата за коса со макадамија ги опфаќа уникатните, регенеративни и заштитни својства на маслото одмакадамија. Тоа е богато со масни киселини кои што ја измазнуваат косата и продираат длабоко во влакното, обновувајќи го неговиот липиден слој. Маслата од монои и моринга ја покриваат косата со невидлив слој, кој што ја заштитува од штетното влијание на околината. Кератинот е основен градбен елемент на косата, кој што стигнува до деловите што имаат потреба од дополнително закрепнување и на тој начин ја спречува кршливоста и разделувањето на врвовите на косата. Помага да се задржи влагата во косата. Протеините од соја ја потхрануваат косата и ја прават сјајна. Пченичните протеини ја намалуваат кршливоста на влакното за над 80%.
Маслото за коса е комбинација од масло од макадамија, кератин, маслиново масло, масла од монои и моринга. Го олеснува расчешлувањето на косата, ја зацврстува и ја прави поеластична. Ја прави свиленкасто мека и сјајна, остава невидлив слој, кој што ја заштитува од негативните влијанија од околината.Не содржи парабени и минерални масла.
Начин на употреба:
Втријте 1-2 капки од маслото со рацете врз чиста коса, влажна или сува. Не се плакне. При контакт со очите, исплакнете со вода.
Reviews
There are no reviews yet.