Политика на приватност

Кои лични податоци се потребни да ги оставам при процесот на регистрација?

Доколку се регистрирате како физичко лице, информациите кои се потребни се Вашето име и презиме, e-маил адреса, адреса на живеење и телефон за контакт. Доколку се регистрирате како правен субјект, информации кои се потребни за регистрација се име на компанијата, адреса, телефнски број за контакт.


Дали ќе се почитува приватноста на моите податоци?

Да. Вашите податоци се користат исклучиво за успешна достава на нарачките кои ги извршувате и за реализирање на уплатата, а се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.

Што доколку ја заборавам својата лозинка?

Кликнете на МОЈ ПРОФИЛ а потоа на ЗАБОРАВЕНА ЛОЗИНКА
Во рубриката ЗАБОРАВЕНА ЛОЗИНКА внесете го Вашиот e-mail
Кликнете на копчето РЕСЕТИРАЈ . Вашата лозинка ќе ја добиете во кратко време на вашиот e-mail
Забелешка: Може да се случи некои наши корисници да не ја добијат лозинката преку електронска пошта заради spam филтерите на нивните (e-mail) сервери.

НАРАЧКА

На кој начин ќе може да ги наплатам нарачаните производи?

1. Плаќање преку интернет:
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

Како да платам со картичка?

За успешно купување потребно е да го одберете типот на кредитна картичка кој го поседувате во полето „Сопственик на кредитна картичка„ да се впише Името и Презимето кое се наоѓа на кредитната картичка. Во полето „ Број на кредитна картичка„ да се впише бројот на кредитната картичка кој се наоѓа на предната страна и во полето „Датум на истек„ на картичката да се впише датумот на истек на кредитната картичка и CVV2/CVC2 код.

Дали моите банкарски податоци кои ги внесувам се безбедни?

Ние не чуваме никакви информации во врска со финансиските трансакции кои ги вршите, бројот на банкарска сметка или платежната картичка. Трансакцијата се врши преку безбеден линк на страната на платежниот процесор Casys за наплата од кредитни картички.

Како ќе бидам известен/а за мојата нарачка?
Штом се промени статусот на Вашата нарачка, Вие ќе добиете известување на електронската пошта или телефонскиот број кој сте го навеле при регистрација.

  • Sign up
Lost your password? Please enter your username or email address. You will receive a link to create a new password via email.
We do not share your personal details with anyone.
0